За малку избегната трагедија во Охридско Езеро. Група момчиња изнајмиле педалинка, но таа била оштетена и почнала да им тоне штом се оддалечиле од брегот.
Иако немале појаси за спасување, сепак успеале да излезат на брегот, пишува „Охрињуз“.
„Ја изнајмивме педалинката, но воопшто не знаевме дека е оштетена. Откако по неколку минути се оддалечивме од брегот, почна наеднаш да навлегува вода и со голема брзина да тоне. За среќа, не нѐ фати паника, но едвај успеавме да дојдеме до брегот“, изјавија за „Охридњуз“ момчињата загрижени што се задржале многу подолго со педалинката отколку за времето за кое платиле при изнајмувањето. При тоа, несвесни дека вината и одговорноста е на оној кој им ја изнајмил, со оглед дека станува збор за реквизит кој воопшто не бил во возна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.