Романската полиција нашле клинци и остатоци од боја и платно во печката на мајката на криминалец обвинет за ланска кражба на ремек дела во Холандија. Таа признала дека минатата недела ги запалила сликите за да ги уништи доказите против својот син. Меѓу украдените слики од Кунстал музејот во Ротердам имало и слики од Пикасо, Моне и Матис. Форензичарите нашле и клнци од бакар од пред двасеттиот век.
Таа сликите прво ги сокрила во напуштена куѓа крај гробиштата, но кога полицијата почнала обемна истрага, ги запалила сликите. Вкупната вредност се проценува на над 100 милиони евра.
Сепак, не може да се потврди дали се запалени токму тие слики кои недостасуваат во музејот. Процесот против шестмина Романци за кражба на уметнички дела ќе почне следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.