| четврток, 6 декември 2018 |

Анимираниот филм „Маша и Медо” премиерно во „Синеплекс“

Големиот светски хит, анимираниот филм „Маша и Медо” премиерно ќе биде прикажан во киното „Синаплекс“ денеска, 20 април.

Руската анимирана серија “Маша и Медо” е една од најпопуларните франшизи благодарение на благородните ликови Маша и нејзиниот пријател Медо, остар хумор и забавно третирање на актуелните теми со едукативна содржина. Емитувана во 120 земји, а за само 20 видеа на „јутјубб“ каналот беа собрани над милијарда прегледи.

По огромниот успех постигнат од страна на креаторите во соработка со дистрибутерите во различни земји од целиот свет одлучија да им овозможат на најмладите и нивните родители да уживаат во својот омилен цртан на големиот екран.

„Маша и Медо” ја освои наградата за најдобра анимација во категоријата на “креативен талент” на престижниот Kidscreen фестивал 2015 година во Мајами. Популарното списание „Animation Magazine“ еден од аниматорите на филмот – Олег Кузовков го сврсти во листата на изведувачи кои постигнаа значаен придонес во развојот на оваа индустрија, а цртаниот филм беше вклучен во листата на ” Animag 250: ТВ емисии кои се предодредени да станат класика”.

Интересните ликови и приказната не се единствените „виновници” за еден ваков голем успех на „Маша и Медо”. Аниматорите поминуваат часови и часови обидувајќи се да креираат голем број изрази на лицето и реакции на анимираните ликови, за што поавтентично да ги пренесат емоциите. Анимацијата се работи многу внимателно до детали, како што е храната во фрижидерот или пак цвеќето на ливадите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top