| четврток, 6 декември 2018 |

Бомби ја тресат Унгарија

bomba 2 Унгарската полиција евакуирала околу 10 илјади лица откако во песочното игралиште во градинка во едно мало градче пронашла заостаната бомба од Втората светска војна тешка 25 килограми. Советската бомба е најдена во градинка која се наоѓа на среде Шекесфехервар, град со 100 илјади жители на 65 километри оддалечен од Будимпешта.

Последните месеци од војната Унгарија се наоѓала под тешки советски бомбардирања, а ова не е прв пат да се најде бомба.

bomba1Така, од 2008 година до сега само во Будимпешта имало 18 евакуации. Така и вчера, евакуирани биле 1500 жители на главниот град, заради бомба најдена при градежни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top