| четврток, 6 декември 2018 |

Вработена како проститутка, пријавена како гатачка

Проститутка, лихвар, гатач, ловџија, кловн, магионичар, жонглер, дресер на животни  е само дел од поинтересните дејности што преку Националната класификација на занимања се одомаќинија во земјава. Иако дел од нив кај нас се вбројуваат во нелегални дејности, од Државниот завод за статистика велат дека поради нивните статистички потреби, биле принудени да ги преземат од меѓународната класификација на занимања. Трендот во земјава портирот да се крсти менаџер за прием или фронт деск менаџер, секретарката да се унапреди во офис менаџер, а трговецот во „мрчендајзер“ н` натера да ѕирнеме во Националната класификација, каде секако ги нема овие работни места, но има многу поинтересни. Освен дејностите, нашата класификација на занимања ги „регулира“ и задачите што работниците треба да ги извршуваат.

prostitution
Во националниот „учебник“ стои дека лихварите позајмуваат пари според вложен депозит во залог или според имот и друга гаранција. Нивните работни задачи вклучуваат процена на предмети понудени во залог, пресметување камата и позајмување пари; враќање предмети кога ќе се исплати заемот или во случаи да не се врати заемот, продавање на заложените предмети, позајмување пари како личен заем според идните очекувања и слични други преземања.

Во класификацијата посебен дел има и за гатачите. Тие покрај другото имаат задача да ги толкуваат сигналите, односно карактеристиките на дланките на клиентите, случајно извлечени карти за играње, талог од кафе, а форми и облици на коски од мртви животни задолжени се за претскажување на идни настани и советување за можниот тек на работите.

Работата на придружниците буквално е да придружуваат и помагаат во различни деловни, но и лични потреби на работодавецот. Задачите вклучуваат придружување на работодавецот на различни места, читање, разговор и учество во активности како што се спорт и друго. Помош при прием на посетители во домот на работодавецот; одржување на неговата гардеробата и личните предмети и вршење сродни задачи.

Ловџииите, пак, според класификацијата имаат работна задача да „ловат крупен и ситен дивеч заради месо, кожа, пердуви и други производи, за спорт, лична употреба, редовна продажба или испорака на купувачите на големо, пазарните организации или на пазарите. Во оваа единечна група спаѓаат занимањата ловец, работник во ловиште и работник за поставување стапици

Во занимања за лични услуги што не се класифицирани на друго место влегуваат хостеса, танцувачки партнери и проститутка.

Од Државниот завод за статистика признаваат дека има исклучоци за занимања што законски не се регулирани, но за потребите на статистичките истражувања се преземени од меѓународната национална класификација.

– Националната класификација на занимањата (НKЗ) е подготвена во согласност со препораките на Меѓународната организација на трудот (ИЛО), односно според ISCO-08. Либерализацијата на меѓународниот пазар на трудот ја зголемува потребата од усогласување со меѓународните стандарди и норми, при што се обезбедуваат споредливи податоци со земјите-членки на ЕУ и другите земји-членки на ИЛО – велат во Статистика.

Оттаму објаснуваат и која е намената на националната класификација.

Извор: Дневник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top