Списанието „Ролинг стоунс“ предизвика бран негодувања, откако на својата насловна страница објави фотографија на бостонскиот бомбаш Џохар Царнаев претставен како рок ѕвезда.
Деветнаесетгодишниот Царнаев на фотографијата потсетува на рок легендите Боб Дилан и Џим Морисон. Под фотографијата пишува „Бомбашот – како популарниот студент кој ветуваше го изневерија родителите, па затоа западна во радикален ислам и стана чудовиште“.
Фотографијата е преземена од профилот на Царнаев на Твитер.
Насловната страница на „Ролинг стоунс“ предизвика бура протести од страна на жртвите на нападот.
Редакцијата на списанието застана во одбрана на својата одлука, образложувајќи дека „написот се вклопува во традицијата на новинарскиот и долгогодишниот ангажман на списанието да ги одразува најважните политички и културни теми на денот“.
Во бомбашкиот напад на 15 април во Бостон загинаа три лица, а беа повредени 176. Соучесник на осомничениот Џохар во нападите му беше неговиот брат Тамерлан Царнаев (26), кој по неколку часа беше убиен во престрелка со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.