| четврток, 6 декември 2018 |

Џохар Царнаев прогласен за виновен за нападите на Бостонскиот маратон

­ Џохар Царнаев, 21-­годишен муслиманин од чеченско потекло, беше прогласен за виновен за нападот на Бостонскиот маратон во 2013 година од судот во Бостон.

Нападите на Бостонскиот маратон се најтешките во САД од нападите на 11 септември 2001 година. Во нападите на 15 април 2013 година загинаа три лица, а 264 беа повредени, откако две бомби експлодираа во близина на целта.

По 11 часовни консултации 12 ­членото судско жири донесе одлука по 30 точки од обвинението, од кои за 17 се бара смртна казна. Пресудата беше прочитана од судијата на окружниот суд во Бостон Џорџ О’Тул.

Казната за Царнаев, кој пресудата ја дочека блед и без видливи реакции, ќе му биде изречена подоцна, по вториот дел од судењето.

Во првиот дел од судењето, кој траеше еден месец, обвинителството претстави 92 сведоци. Тој го опиша младиот студент кој е американски граѓанин од 2012 година, како терорист што сакал да ја казни Америка за тоа што го направила на неговата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top