Македонскиот светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, Горазд Росоклија, на својот профил на Фејсбук констатира дека Македонците се еден од бројните народи што докажуваат дека имаат власт каква што не заслужуваат.
„СЕКОЈ НАРОД ИМА ВЛАСТ КАКВА ШТО ЗАСЛУЖУВА? МАКЕДОНЦИТЕ СЕ САМО ЕДЕН ОД БРОЈНИТЕ НАРОДИ КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА НЕ Е ТАКА!
Дали заслужено се убиени 25 милиони граѓани на СССР од режимот на Сталин?
Русите се голем народ, а 80 години трпеа диктатура, како и другите европски народи од комунистичкиот блок.
Полјаците се голем народ, тие ги запреле Османлиите, а, сепак, беа 50 години под диктатура.
Не е така едноставно за еден народ да се спротивстави на поделбата на светот која ја прават помоќни од него.
Не треба да престане да се бори, но не може да биде обвинет ако не победува секогаш.
Македонија има инсталација наречена власт, со една цел, внесување на земјата во НАТО, при што цената ја плаќаат Македонците и само Македонците.
Но, ние Македонците постоиме и нема да престанеме да постоиме, освен ако не креираат логори според неуспешните модели на Аушвиц и Треблинка за наше истребување?
Какво значење имаат одлуките на некое собрание кое патем е незаконски формирано
и неуставно постапува, наспроти нашата свесност дека сме Македонци, ги воспитуваме
нашите деца дека се Македонци, со свој јазик, култура, обичаи, традиции…
Три патетични кловна (Заев, Шеќеринска и Димитров) потпомогнати од поткупени
соработници и ‘опозиција’, со привремена поддршка од ‘меѓународниот фактор’, која ќе
ја имаат до влегувањето на територијата во НАТО, ќе го сменат тоа?
Или ние нив ќе ги смениме?
Само некритичен ум може да мисли дека некој може да изгласа непостоење на народ, и тоа да опстои подолго од неговиот мандат, напиша професорот на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Росоклија: Оваа багра ниту Господ не може да ја спаси од нејзиниот народ!
-
Росоклија: Mоралниот гнилеж инсталиран како власт, продолжува да не понижува пред светот, ширејќи гнилеж крстен ,,пат кон ЕУ”!
-
Росоклија: Заедно, имајќи ја како цел големата слика на нашето постоење, ќе успееме!
-
Претседателот Иванов на гости кај Росоклија во Њујорк: Што му зготви Горазд(фото)