| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов на гости кај Росоклија во Њујорк: Што му зготви Горазд(фото)

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оваа неела во Њујорк присуствуваше на отворањето на генералната дебата на 73. Генерално собрание на Обединетите Нации, кое годинава беше на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества”.

Во рамки на учеството на Генералното Собрание на ОН, македонскиот претседател одржа и билатерални средби со јорданскиот крал Абдула Втори, со Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на ОН задолжен за контра-тероризам и со надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за надворешни работи на Ватикан.

Претседателот Иванов во четвртокот се обрати на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации. Покрај официјалните средби, Претседателот најде време и за средби со нашинци од дијаспората, како и лични пријатели.

Професорот на Колумбија универзитетот, еден од најуспешните Македонци кои живеат и работат во Соединетите Американски држави, Горазд Росоклија, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографии од неформалното дружење со Претседателот на Република Македонија.

Росоклија важи за голем гурман, кој често знае да се пофали со префинети специјалитети кои ги подготвува во своето слободно време. Од прикажаната фотографија со наслов “на своето работно место”, се гледа дека Горазд најверојатно подготвува претходно одлежан “Рамстек”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top