| четврток, 6 декември 2018 |

Изградбата на автопатот Приштина-Скопје почнува во декември

pat

Изградбата на автопатот Приштина-Скопје, во должина од 55 километри, почнува во декември и треба да заврши за 42 месеца, јави онлајн-изнадението на приштинска „Коха диторе“.

Владиниот комитет задолжен за изградба на автопатот од Приштина до граничниот премин Блаце на косовско-македонската граница, донел одлука за објавување на досиејата од тендерот за компаниите кои се квалификувале за изградба на овој автопат.

Министерот за инфраструктура на Косово, Фехми Мујота, потврдил дека изградбата почнува во декември годинава, со сопствени средства на Косово.

– Министерството ќе инсистира на висок квалитет на извршување на работите и на постојана транспарентност во текот на сите фази на реализиација на овој голем и значен прокет – изјавил Мујота.

Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе се гради по целосно нова траса, во должина од 55 километри, а ќе има три тунели и четири моста. Максимално дозволената брзина на автопатот ќе биде 120 километри, а најголемиот тунел ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра. Според владини претставници, автопатот освен што ќе ги поврзува Косово и Македонија, ќе биде врска и со Бугарија и со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top