| четврток, 6 декември 2018 |

22 деца починаа од бесплатен училишен оброк во Индија

 22 деца на возраст од 8 до 11 години починаа од затруена храна што ја јаделе како бесплатен оброк во училише во државата Бихар, во Индија.

Од јадењето конзумирале вкупно 47 деца, од кои починале 22, а останатите биле задржани на лекување. Лекарите стравуваат дека бројот на починати може да биде поголем затоа што десет од нив се наоѓаат во многу тешка состојба.

Истрагата утврдила дека во храната имало органофосфати , кои се користат како инсектициди на оризот и пченицата, а згора на се храната не била ниту измиена пред подготвувањето.

Властите поднеле кривична пријава против надлежниот задолжен за подготвување бесплатни оброци за децата, како и против директорот на училиштето кој избегал веднаш откако се случил инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top