Доцна попладнево во Собранието на Република Македонија на комиската расправа на Комисијата за уставни прашања беше усвоен и третиот предлог-амандман на Уставот со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
По усвојувањето и на третиот предлог-амандман, сега на дневен ред на седницата на Комисијата за уставни прашања останува уште последниот од четирите предложени амандамни, а тој се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. А пратениците од опозицијата на денешната расправа побараа и Грција да се обврзе да го почитува суверениретот.
Владата пред околу една недела ги достави нацрт-амандманите на Уставот до Собранието. Досега на комисиската расправа во Собранието поминаа три од четирите предлог-амандмани.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 1 декември ја закажа седницата за нацрт-амандманите на Уставот.
Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно е потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.
Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција