Tриесет и четиригодишниот Иван Суков од Русија има три жени и девет деца, но се надева дека ќе има уште жени и најмалку 50 деца.
Според законот, може да има само една сопруга. Другите две биле со него со усмен договор.
Иван и неговата сопруга Наталија биле во брак 11 години, кога тој еден ден и рекол дека сака големо семејство.
– На почетокот бев против таквата идеја и не можев да го замислам тоа, но сфатив дека му е тоа голема желба – рекла Наталија.
Таа на Иван му родила шест деца. Иван во меѓувреме ја запознал Ана, со која има три деца и четврто на пат.
Од неодамна им се приклучила и Мадина, муслиманка која живее со нив против волјата на своите родители.
– Го видов на телевизија и се вљубив во него. Одлучив да бидам со него без разлика што мислат моите родители за тоа – рекла Мадина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.