Интернет страниците посветени на филмот и телевизијата деновиве објавуваат нови фотографии од ликовите сликани за време на снимањето на третата сезона од веќе култната серија „Игра на тронови“. Меѓу другото, се дава и објаснување за гавранот со трите очи, што ќе ја одбележи оваа сезона, а е и носечки лик на најавната реклама за продолжувањето.
Видеото не открива многу за новата сезона, ниту за четирите нови ликови. Се фокусира на морничавото суштество кое претставува лошо претчуство- гавранот со три очи кој што лета над модерен реален град, со напишан текст „Нивниот свет се враќа кај нас“.
За оние кои можеби заборавиле, троокиот гавран за прв пат се појави во соништата на младиот Бран Старк додека беше во кома откако беше турнат од кула. Потоа „Ол“ Триокиот неколку пати му се појавуваше на помош на Бран низ неговата потсвест, за последен пат кога го поведе до семејната гробница токму пред смртта на татко му.
Во книгата, пак, „Песна за Лед и Оган“ на која се базира серијата, триоката птица е позната меѓу другото и тоа што „низ чкрипење“ му вели на Бран „Летај или умри!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Во Македонија 40 проценти од слободното време се минува пред телевизор
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)


