| четврток, 6 декември 2018 |

Емина Јаховиќ се мажи за турскиот милијардер, но не ни насетува што ја чека со него!

Кога во февруари годинава Емина Јаховиќ објави дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал, сите медиуми будно ја следеа и чекаа да ја најдат „причината“ за нејзиниот развод. Половина година подоцна ја најдоа… Живее во Турција, има милиони на банкарската сметка, разведен е и еден од најпосакуваните ергени, а неговото име е Садетин Саран.

Астрологот Душан Величковиќ открива дали Емина и Садетин ќе застанат на лудиот камен и дали нивната врска има иднина.

-Емина и Саран се ист хороскопски знак, но се дијаметрално различни. Никој не може да ја негира силната хемија и физичка привлечност која постои меѓу нив, но за брак рано е да се заборува. Турскиот милионер одлепи по Емина. Токму поради тоа што е заљубен во неа, носи нагли одлуки. Колку што јас можам да видам, Емина не ни сакала да го запознае неговото семејство, но да му удоволи, се согласила. И тој и се допаѓа на Емина, ама многу помалку од Мустафа – вели астрологот.

-Таа многу го споредува Садетин со поранешниот сопруг и ако продолжи така, нема добро да помине. Мустафа е многу популарен во Турција, луѓето го сакаат, додека Садетин има пари и моќ. А Емина го сака сето тоа. Таа е преубава ангелска душа, добра, на сите би им помогнала, ама од друга страна  знае колку вреди и бара комфор, луксуз, скапи работи. Работите кои Емина ги сака, ретко кој може да и ги пружи. На неа и треба некој како Бил Гејтс- открива Величковиќ и додава дека Емина најверојатно ќе се омажи за Садетин наредната година.

-Ако се ожени со Емина, за Садетин тоа ќе биде последен брак, а ако Емина нему му каже „да“ и се раздели од него, веќе нема да влезе во брачни води. Нејзин проблем е што сака да им ги исполнува желбите на другите, па ако турскиот милионер инсистира на свадба оваа година, Емина може да попушти, а тоа нема да биде добра одлука. На неа оваа година и беше бурна и тешка, па најдобро е ако работите одат полека и ако љубовта е вистинска, да причекаат уште малку, барем до половната на другата година. Сепак разликата меѓу нив е голема, таа е пејачка и и треба слобода и простор само за неа, а бидејќи Саран е полуден по неа и ја гледа како еден вид трофеј, нема да ја пушти толку лесно-рекол астрологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top