Мустафа Сандал дефинитивно не ја преболел поранешната сопруга Емина Јаховиќ, мајката на неговите синови. Познатиот пар се сретнал на доделувањето на награди во Турција, а кога атрактивната Емина поминувала покрај некогашниот партнер, тој ја повикал да му придружи и заедно да позираат на фотографите.
Судејќи по изразот на лицето на Емиа, таа не била претерано одушевена со таа идеја, но сепак решила да го испочитува.
-Додека Мустафа давал изјави на новинарите, Емина минувала од другата страна на салата како би дошла до бината. Сандал ја здогледал поранешната жена во масата, па неконтролирано почнал да ја довикува. Таа се свртела, насмевнала и го поздравила. Тогаш Мустафа ја повикал да му се придружи, па заедно да дадат изјава-открива изворот.
-Тој бил пресреќен кога ја здогледал, не ја симнувал насмевката од лицето, а Емина била малку неснајдена во целата таа ситуација, но сепак успеала да остане доследна и мирна-рекол извор кој ги затекал на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)