Друштвото на писателите на Македонија по повод лустрацијата на неколку свои членови со соопштение се обрати до највисоките државни инстанци. Во соопштението на писателската асоцијација меѓу другото стои:
-Друштвото на писателите на Македонија со загриженост го следи процесот на лустрација на македонските писатели и бара да престане овој атак кој е насочен против најсветлите страници на македонската национална литература и култура. Значајни имиња на македонската писателска асицијација веќе се ставени на столбот на срамот и тоа добива димензии на свесно и тенденциозно рушење на вредностите создавани со децении и афирмирани како неодминлива вредност во земјата и во светот. Апсурдот е дотолку поголем што оваа хајка против македонските писатели покажува знаци на обид за девалвирање на вредностите врз антимакедонска основа и разнебитување на духовните и естетските дострели според кои Македонија е препознатлива ширум светот.
ДПМ, продолжува во соопштението, се обраќа до највисоките државни инстанци да постапат според нормите на правната држава и да го прекинат овој незаконски и антиуставен чин. Во спротивно ДПМ овој процес ќе го толкува како тенденција без преседан во нашата историја на апсурдно газење и рушење на темелните вредности во македонската национална култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока