| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на боца со гас во стан – загина маж

pozar-kapistec06

Во стан на булеварот „Октомвриска револуција” во Куманово, од експлозија на боца со гас настанал пожар, во кој едно лице се здобило со фатални повреди.

Очевидци на настанот кажуваат дека околу 10.45 часот од стан на првиот кат, прво слушнале силна експлозија, а потоа почнало да лета стакло и испаднал целиот прозорец пред зградата.

Во пожарот изгорел повозрасен маж.

boci_plin

Полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе излезе со повеќе информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top