| четврток, 6 декември 2018 |

Крвнички претепан штипјанец

tupanica nasilstvo

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ во Штип, непознат сторител го нападнал Д.И.(28) од Штип, при што му нанел тешки телесни повреди.

Од повредата Д.И. паднал во бесознание, па пренесен е во Медицински центар Штип.

Поради сериозноста на повредата е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top