| четврток, 6 декември 2018 |

Четкар ќе свири вечерва на роденденот на „Аквариус“ во Охрид

Познатата охридска тераса „Аквариус“ слави 22 години постоење. По тој повод сопствениците за своите посетитетли и долгогодишни пријатели организираат настап на Владимир Четкар, кој тукушто пристигна во Македонија од Њујорк и ова ќе биде негов прв настап во Македонија, годинава. Четкар ќе настапи заедно со Оливер Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.
Предвидено е настапот да почне во 22 часот, а влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top