| четврток, 6 декември 2018 |

Денес почнува судењето на фризерката – измамничка со станови

izmama stanovi

Денеска започнува судењето на фризерката Благица Дончевски која е обвинета за станбена измама на 40 граѓани, меѓу кои и јавни личности, јави Канал 5.

Фризерката од Скопје претставувајќи се како владин претставник кој работи на проект за станови наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби довела 40 лица во заблуда дека треба да уплатат дел од сумата а останатиот дел од средствата наводно би биле покриени од странски амбасади и така се збогатила за стотици илјади евра.

Таа денеска во судот треба да се изјасни за делото кое го направила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top