| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката за правда, Рената Дескоска, потврди дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот

Министерката за правда, Рената Дескоска, потврди дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија, и дека во истата ќе се цитираат само одредени одлуки.

Дескоска претходно иако има востановено законска пракса, избегна да биде дел од поднесувачите во име на Владата на уставните измени.

Во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференција во Охрид за реформите во судството. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.

-Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ. – рече министерката.

Воедно најави дека Владата утре на последниот ден од законскот рок ќе ги достави амандманите.

-Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Постигнавме заеднички договор тоа да биде во рамките на нормативниот текст, каде што во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција за идентитето на македонскиот народ. – рече министерката за правда, Рената Дескоска, на конференцијата.

Таа потенцира дека за помирувањето во Собранието до вчера не било прецизирано каков ќе биде составот и дека се прават консултации со политичките партии кои се во парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top