Придружувана со голем бенд, битолската поп принцеза Каролина Гочева после цели 7 години се враќа на сцената на античкиот театар Хераклеа во Битола.
Концертот е закажан за 28-ми јули во 21:00 часот. Како и нејзиниот последен концерт во Скопје и овој пат Каролина, пред битолската публика за прв пат ќе се представи со својот бенд во акустична варијанта.
Влезниците за концертот по цена од 200 ден. Веќе се пуштени во продажба преку билет сервисот www.kupikartizase.com ,а во Битола можат да се набават во музичките продавници, “Loudnes” и “Energy” и кафе бар Симбол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


