| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани промовиран во ПСЖ, новата „деветка“ со рекорден трансфер од 64 милиони евра

Едисон Кавани е промовиран во нов член на Пари сен Жермен, а со трансферот вреден 64 милиони евра го урна рекордот во Франција, со најскапа сума платена за фудбалер. Уругваецот ќе го носи дресот со број 9, а денеска од 16 часот ја имаше и официјалната презентација за популарните „светци“ од Париз.

Матадорот од Уругвај потпиша 5-годишен договор, а парите за отштетата во висина од 64 милиони евра ќе одат на сметката на Наполи, од каде доаѓа Кавани во ПСЖ. Лани, тој беше најдобар стрелец во Серија А, аиграше во нападот во тандем со македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top