Заедничката историска комисија на Бугарија и Македонија до крајот на ноември ќе одлучи чиј историски херој е цар Самоил. Владетелот е една од историските личности, за кои спорат двете држави, пишуваат бугарски медиуми.
За крајот на ноември е закажана и третата средба меѓу научниците од двете држави. Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија. Друга тема е утврдување на настаните и личностите од заедничката историја на двете страни, кои двете држави би можеле заедно да ги слават.
Според бугарскиот академик Антон Дончев, спор околу Самоил – нема. Говорејќи по повод отворањето на 14-тата Светска средба на бугарските медиуми, организирана од БТА, Дончев истакна дека двата народа не се само братски, туку браќа-близнаци. .. Академикот е категоричен дека заедничката иднина на двете држави ќе биде светла, бидејќи низ годините ги поврзува братска љубов.
Оваа година средбата на бугарските медиуми се одржува токму во Скопје, а коорганизатор се Македонската информативна агенција (МИА), како и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Настанот се одржува под мотото: „Медиуми и меморија“. На форумот учествуваат претставници на повеќе од 50 медиуми од Бугарија и странство, интелектуалци од Бугарија и Македонија, како и претставници на бугарската дијаспора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари
-
Алфа: Чепреганов, Ѓорѓиев, Тодоров, Стојанов – дел од бугарско-македонската комисија за чешлање на нашата историја