| четврток, 6 декември 2018 |

Тлото не се смирува: Секундарни шокови ја тресат Грција!

Најмалку два секундарни земјотреси го потресоа островот Закинтос во Јонското Море во последните 24 часа.

Најсилниот земјотрес беше со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Последниот земјотрес се почувствува во 08:30 по локално време. Земјотресите се со епицентар во морето на околу 30 километри југозападно од Литакија и островот Закинтос и на 282 километри западно од Атина, на длабочина од 2 км.

Луѓето во регионот на земјотресот соопштија дека земјотресот траел околу 10 секунди. Геофизичкиот институт во Атина објави дека секундарните шокови не претставуваат закана за населението, но можат да продолжат барем уште еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top