| четврток, 6 декември 2018 |

Како беше пречекан Гомез во Фиренца (Видео)

Германскиот интернационалец и нов играч на Фиорентина Марио Гомез беше пречекан од 15 илјади навивачи на „виолетовите“

Гомез потпиша четиригодишен договор со Фиорентина, а за неговото ангажирање од Баерн Минхен калчолигашот плати 20 милиони евра.

Причина за неговото заминување од Минхен беше желбата да игра во почетниот состав.

Германецот во Фиренца е пречекан како суперѕвезда, а навивачите уште при неговото доаѓање на аеродромот му порачаа дека од него имаат големи очекувања во обидот Фиорентина, конечно, да се вмеша во борбата за скудетото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top