| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Арс Барока“ во Крива Паланка

Во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата“, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, вечерва во 19.30 часот концерт ќе одржи бугарскиот камерен состав „Арс Барока“. На програмата се: Увертира бр. 6 во г-мол од Ф.М. Верачини,  Концерт за 2 обои и оркестар оп. 9 бр. 3 од Т. Албинони, Концерт за љубовна обоа и оркестар BWV 1055 од Ј.С. Бах и Троен концерт за обоа, виолина, виолончело и оркестар во Д-дур од А. Салиери.

Составот го сочинуваат солистите: проф. д-р Владимир Лазаревски – обоа, доц. м-р Владимир Крстев – виолина, доц. м-р Паскал Краповски – виолончело и м-р Калин Панајотов – обоа, љубовна обоа.

Камерниот состав „Арс Барока“ постои од 2006 година. Во него учествуваат инструменталисти од најрепрезентативните оркестри во Р. Бугарија, како Софиска филхармонија, Оркестарот на Класик ФМ и Националното радио.
Ансамблот „Арс Барока“ го фокусира своето внимание на темелно интерпретирање на доцниот барокен стил со неговите специфики како автентичното звучење, динамики и штрихи, кои се типични за епохата. Нивниот репертоар вклучува инструментални концерти, сонати и кантати од Ј.С.Бах, Вивалди, Салиери, Телеман, Корели, Хендел, Зеленка и др.

Ансамблот е награден со престижната награда „Ансамбл на годината 2007 година“ од Националното радио на Бугарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top