Петмина разбојници ограбиле бензинска пумпа во тетовско Сиричино. Тие добро се организирале, додека едниот чекал во автомобилот, друг со пиштол го удрил вработениот, па го собрале прометот од касата.
Тетовската полиција потврдила дека бензинската пумпа „Житоил“ била цел на пет разбојници. Според кажувањата на вработениот, пет разбојници со автомобил, најверојтно „голф“ дошле на бензинската пумпа. Четворица излегле, а петтиот останал да ги чека. Еден од разбојниците со пиштол двапати во пределот на главата го удрил вработениот, 26-годишниот Д.И. Потоа, се упатиле накај касата и од зеле дневниот промет, околу 10.500 денари, по што избегале во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



