Земјотреси со интензитет од 6.6, 6.8 и 6.5 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија подрачјето на канадската провинција Британска Колумбија во рок од еден час, соопшти американскиот Геолошки институт.
За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот на земјотресите бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.