| четврток, 6 декември 2018 |

Британските пратеници се дрогираат во парламентот

westminster palaceБританските пратеници се дрогираат со кокаин во британскиот парламент. Траги од оваа дрога пронашле новинарите на таблоидот Сан во тоалетите во Вестминстерската палата во која се наоѓаат двата дома на парламентот.

Новинарите од британскиот таблоид добиле дојава за овој скандал од неименуван извор од долниот дом на Парламентот, па решиле да ги проверат неговите тврдења. При проверката биле откриени остатоци од кокаин во девет тоалети.

Најпрво траги од дрогата биле најдени во тоалетите, но потоа и во барот во парламентот што го користат туристите кои секојдневно ја посетуваат палатата. Сепак, истрагата утврдила дека кокаин имало и во тоалетите во кој им е забранет пристап на посетителите.

За откривање на трагите од кокаин, новинарите користеле брисеви какви што користат полицајците и цариниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top