| четврток, 6 декември 2018 |

„2 Cellos“ направија вистински музички спектакл во Скопје

Синоќешниот концерт на „2Cellos“ во „Борис Трајковски“ сите кои го следеа уште долго ќе го паметат. Музичкото патување кое ни го приредија Лука и Стјепан почна со филмска музика од „Огнени кочии“, потоа следуваше  „Титаник“, „Гладијатор“, „Дождовниот човек“, „Пиратите од Карибите“…хит до хит ги нижеа нотите а публиката полека се загреваше за она што допрва доаѓаше.

А дојдоа безвременските хитови како: “Грмотевици“ (Thunderstruck) „I can’t get no satisfaction“, „Despasito“, „ With or without you“, Smooth criminal, Highway to hell…и уште многу други хитови.

Настапот на двајцата одлични музичари беше проследен со гласно пеење од публиката, но и одлични сценски ефекти кои уште повеќе ја збогатија атмосферата и чувството дека присуствуваме на спектакуларен настан.

Со „Time to say goobye“ Стјепан Хаузер и Лука Шулиќ се поздравија со македонската публика и ветија дека повторно ќе се вратат.

-Ви благодариме што останавте до крај на концертот со нас. Тоа до сега не ни се случило, се пошегуваа на крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top