| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Цената за глас се движи до два милиони евра, се ветуваат кули и градови, еден заврши на Кардиологија

Ќе ве молам, мора да останете со ладни глави. Не смее ни под разно да се случи нов 27 април, апелира новинарот Васко Ефтов, додавајќи „Тие тоа го сакаат. Само со ладни глави и без никакви инциденти.“

Сподед Ефтов, ова што денес се случува е незапамтено во македонската историја.

  • Цената за еден глас се движи од 250 илјади евра (пратеник од Централна Македонија), еден милион евра (пратеник од Северозападна Македонија) до два милиони евра за два пратеници (еден од Скопје и еден од Источна Македонија). Лидери на две помали партии се возени низ Скопје во државни автомобили и им се нудени кули и градови. Ветени се две ослободителни пресуди. Еден заврши на Кардиологија. Ова е многу валкана игра. Ќе ве молам со ладни глави. Според моите информации во Собранието се повикани луѓе од Обвинителството за да бидат заштитени пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top