Од викендов пивото во маркетите се продава со нова цена, која е повисока за 10 процнети. Како резултат на поголемите акцизи, кои важат од 13 месецов, во сите малопродажни објекти цените на пивата од сите пиварници се за 3 до 8 денари поскапи. Повисока цена имаат пивата на Скопска, Прилепска и Битолска пиварница. Според информациите од маркетите, од викендов новите доставени количини пиво се доставени со нов ценовник, пишува „Вечер“.
Повисоките цени на пивото ги потврдуваат и од пиварниците, од каде што велат дека нагорната корекција беше најавена и очекувана во согласност со новите повисоки акцизи што ги наложи Владата.
Генералниот директор на „Скопска пивара“, Јаак Микел уште пред еден месеци изјави дека ќе ги зголемат цените на пивото како резултат на зголемувањето на акцизите.
– Секое зголемување на акцизите повлекува и зголемување на цената на производите. Па така, може да очекува дека цената на пивото ќе се зголеми. А секако кога се зголемува цената на пивото или кој било друг производ, тоа влијае врз потрошувачката, односно врз побарувачката на тој производ. Многу е рано да се каже какво ќе биде тоа влијание од овој чекор, но секако дека ќе има влијание. Ја известивме Владата за нашата позиција, свесни сме дека тоа е веќе одлучено, но се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со дијалогот со Владата за да овозможиме раст на индустријата на производство на пиво во земјата – изјави тогаш Јаак Микел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.