| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена

Продолжението на 60-тата пленарна седница на Собранието на Република Македонија, на која треба да се гласа за уставни измени, се уште не е започната иако беше закажана за 15 часот откако во 12 часот не беше обезбеден кворум за работа. Во и околу собранието е тензично. Во Кабинетот на претседателот на Собранието е и премиерот Зоран Заев, кој е во Собранието од 12 часот. Тој лично дејствува врз пратениците да гласаат за Уставни измени, спротивно на нивната волја.
Токму затоа и собраниската седница која требаше да продолжи во 15 часот, до сега се уште не е почната.
Како што дознаваме, во целата операција да се изврши притисок врз пратенците не се бираат средства, па премиерот во раковот има фингирани случаи со казни затвор над 10 години, закани по живот и семејство. Заев ветува поединечна амнестија, но и уценува дополнително ако некој не се согласи.
Пратениците ги споделуваат овие информации со најблиските, кои се во оправдан страв за личната и семејна безбедност.

Заев, Ахмети и Бејли во кабинет кај Џафери

 

Во меѓувреме, пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција одржана во Собранието, побара веднаш да се гласа за уставните измени, бидејќи, како што истакна тој, очигледно било дека намерно веќе 19 дена се одолговлекува гласањето, односно се избегнува ова прашање да се стави на дневен ред. Волјата на народот беше јасна, рече Милошоски, и никој не може и не смее да оди против тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top