Македонците во јуни купувале најскапи компири, кромид, зелка, морков, грав и лимони.
Според статистичките податоци, минатиот месец споредено со истиот период лани, цените на овие производи пораснале од 10 до 15 денари за килограм.
Македонците во јуни купувале најскапи компири, кромид, зелка, морков, грав и лимони.
Според статистичките податоци, минатиот месец споредено со истиот период лани, цените на овие производи пораснале од 10 до 15 денари за килограм.
Поскапувањето доаѓа откако статистиката деновиве регистрираше пораст на производствените трошоци токму кај овие производи.
Според експертите, порастот на цените доаѓа како последица од климатските промени, намаленото производство и поплавите кои ја зафатија земјата оваа пролет.
Експертите укажуваат државата да ги искористи сите ресурси за зголемување на производството на храна и ублажување на ценовните шокови.
Статистиката континуирано регистира раст на цените на земјоделските производи.
Според последните податоци, минатиот месец споредено со истиот период лани, земјоделските производи поскапеа за 13,9 отсто.
Но, не само кај земјоделските производи, континуирано растат и цените на прехрамбените производи, облеката, домување, хигиена.
Како расатат цените, така растат и трошоците за живот.
Статистиката во јуни измери рекорден пораст на трошоците за живот од 4,2%, во споредба со истиот месец лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.