Самет Лимани, еден од обвинетите во случајот Сопот, починал и денеска е погребан во селото Сопот, со што заврши неговиот статус на обвинет во бегство. Според членови на семејството и жители на селото, 43-годишниот Лимани починал од срцев удар, како последица на стрес откако беше обвинет за случајот со експлозија на мина кај Сопот во 2003 година, јави Алсат – М.
Самет Лимани до последните моменти од животот беше во бегство, бидејќи никогаш не го прифати обвинението против него и неговите соселани. Лимани и другите обвинети во овој случај беа осудени на вкупно 156 години затвор, но по бројните притисоци и презентирање докази, судењето почна од почеток.
Сепак, и по многу рочишта нема епилог што би ги ослободи од обвинението.
Во првиот процес за случајот со експлозија на мина кај Сопот во 2003 година, кога загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото.
Петмина се соочија со судските власти и долг период останаа во притвор во Идризово, а шестмина беа осудени во отсуство, вклучувајќи го и сега покојниот, Самет Лимани, потсетува Алсат-М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.