| четврток, 6 декември 2018 |

Гори нискостеблеста шума и трева во атарот на кавадаречкото село Фариш

Нискостеблеста шума и трева се зафатени од пожар во атарот на кавадаречкото село Фариш.

Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски, се интервенира со две противпожарни возила и шест пожарникари.

– Пламените јазици се на околу 200 метри под селото. Засега огнот го држиме под контрола – изјави Богевски.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот, зафатената површина и висината на материјалната штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top