| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН: Педесет гостиварски домаќинства ни крадеа струја

rabotnik-na-evn-pochina-od-struen-udar-105062

ЕВН Македонија за еден месец во Гостивар и околните населени места откри 50 корисници кои неовластено се приклучиле на дистрибутивната мрежа.

„Корисниците поставиле броила кои не ги пријавиле во дистрибутивната компанија со што не биле воведени во системот и не се отчитувала потрошената електрична енергија. Ова според законот се толкува како кривично дело и неовластено приклучените правни и физички лица се исклучени од мрежата на ЕВН Македонија и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено преземање на електрична енергија“, соопштува ЕВН Македонија.

Од електродистрибутивната компанија порачуваат сите нови корисници да бараат приклучување само во Корисничките Енерго Центри на ЕВН Македонија, каде треба лично да го пополнат и потпишат барањето за нов приклучок и да не наседнуваат на ветувањата на вешти манипуланти кои надвор од компанијата нудат нов приклучок за помалку пари.
Легален приклучок се добива само со потпишување на договор во ЕВН Македонија и со плаќање на издадената фактура за услугата. Сè друго претставува кривично дело – и за лицето кое побарало да му се направи услугата, и лицето за кое е извршена нелегалната услуга. Најголемата штета од овие дела ги имаат самите корисници, бидејќи лековерноста може да ги остави и без броило и без пари, а згора на сè ќе добијат и кривична пријава за нелегално користење на електрична енергија.

За услугата нов приклучок, ЕВН Македонија ја наплатува само услугата и материјалите користени според изготвениот проект, при што броилото е бесплатно. За сите услуги на ЕВН Македонија се плаќа врз основа на издадена фактура во било која банка или пошта. Плаќање во готово на лица надвор од компанијата е ризично и сигурно се работи за измама и се третира како кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top