Кога првата дама на САД, Меланија Трамп го посети центарот каде се сместени децата на мигрантите, сите медиуми пишуваа за нејзината јакна и зборовите кои беа напишани на неа: Баш ми е гајле, а на вас?
Таа на 21 јуни го посети центарот за деца на мигранти во Тексас, кога посети 55 деца кои се одвоени од родителите поради мигрантската политика на нејзиниот маж.
Сега стигна вистинскиот одговор: Госпоѓа Трамп призна дека тогаш испратила порака.
-Очигледно е дека не ја носев јакната заради децата, туку да дојдам до авионот и кога излегував од него. Тоа беше за луѓето и медиумите кои ме криткуваат, па сакав да им кажам дека не ми е гајле. Можете да ме критикувате, но тоа не ме спречува да го правам она што чувствувам дека е исправно-рекла Меланија.
Таа додала дека медиумите се опседнати со нејзината облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!