| четврток, 6 декември 2018 |

Деби на трудничкиот стомак на Меган и првите подароци за бебето: Среќата не може да се скрие!

На веста дека Меган Маркл е бремена се надоврзаа првите фотогарфии на кои се забележува трудничкото стомаче на идната мајка. Фотографиите пристигнаа од Сиднеј, каде војвотката од Сасекс со сопругот, принцот Хари, е во официјална посета.

На фотографиите Меган Маркл е во бел фустан, а бременоста на неа и тоа како се забележува. Војвотката дебито на стомачето го имаше во совршен стил. За чиста десетка. Во Сиднеј тие ги добија и првите подароци за бебето.

Фотографиите на идната мајка за момент станаа хит на интернет, кој не може да ги тргне погледите од овие фотографии на Меган и подароците за бебето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top