Ченк Акјол е противник на начинот на кој Таип Ердоган владее со Турција, беше еден од најактивните на протестите на плоштадот „Таксим“ во Истанбул, а за казна нема да игра за кошаркарската репрезентација на ЕП 2013 во Словенија, од 4 до 22 септември.
Селекторот на Турција, Богдан Тањевиќ, го објави конечниот список, а на него го нема бекот на Галатасарај. Според игрите, квалитетот и талентот, Акјол апсолутно заслужува да игра во Словенија, но веројатно и политиката„вмеша прсти“, па стандардниот репрезентативец ќе го гледа ЕП во кошарка дома.
Ченк од 2005 година постојано беше член на турската репрезентација и е драфтуван од Атланта, што говори доволно за квалитетот на 197 сантиметри високиот бек-шутер на Галатасарај. Дополнителен проблем за него е и одбивањето да говори пред камерите на националната телевизија на Турција, по освојувањето на шампионската титула со Галатасарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.