Големата српска актерка Милена Дравиќ почина синоќа во белградска болница, а како што се дознава таа своите последните денови ги поминала далеку од будните очи на јавноста, во тишина на болничката постела.
Последните моменти од животот Милена ги поминала врзана за апарати. Како што живеела, скромно, така ги поминала и последните денови во животот. Примала посета само од најблиските, додека замолила останатите да не и доаѓаат.
-За моите здравствени проблеми, знаеја само моите најблиски, сопругот, братот и најинтимните пријатели. Мојот сопруг со мене ги мина сите фази на болеста и многу придонесе исходот на борбата да биде позитивен- рекла Милена своевремено, кога Драган Николиќ беше жив.
Сепак откако пред две години почина нејзиниот сопруг, таа како да изгуби волја за борба со болеста и тивко се предаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сега е заедно со својот Гаги на небеската сцена: Србија плаче по најголемата филмска легенда!
-
Утринава ни испрати кифлички, а сега не напушти: Со последниот гест, Милена ја покажа својата величина!
-
Два часа агонија полна со крв и врева – Милена слушнала звук во дворот, ја отворила вратата и пред себе видела човек со секира!
-
Милена и Гордан објавија „селфи“ од првата брачна ноќ