Милена слушнала некој звук во дворот и станала од кревет и отишла до купатилото во 4 изутрина. И тоа е она што и го спасило животот, бидејќи во следниот момент пред себе го здогледала се уште законскиот сопруг Горан со секира во рацете. Вака за „Блиц“ раскажала Славица С, сосетка и поранешна колешка на Милена Глишиќ(27), која во понеделникот изутрина со секира ја исекол по глава нејзиниот сопруг Горан, од кој се разведувала и ја повредил нивната 12 годишната ќерка Емилија.
Горан околу 4 часот после полноќ упаднал во куќата во која живеел со Милена до пред три месеци, кога таа побарала развод. Горан не сакал да се помири со тој факт, па провалил во куќата низ прозор со намера да ја убие својата жена и тоа пред очите на нивното дете.
Скоро два часа траела агонијата полна со крв, тепање и врева. Сосетката Славица ја видела Милена кога во 6 часот изутрина после се целата крвава ја чекала брзата помош и полицијата.
-Милена ми раскажа дека слушнала некој звук во дворот. Подоцна сфативме дека нему, кога се качувал по цепените дрва, едно му паднало и направила врева. Милена се разбудила и отишла до купатилото. Измила раце и кога ја отворила вратата го видела него со секира. Занемела во шок, но тоа и го спасило животот, бидејќи и тој се изненадил кога ја видел. Веројатно само сакал да ја убие на спиење – раскажала загрижената сосетка.
Горан тогаш ја удрил Милена со секира по главата, а кога таа му испаднала ќерка им Емилија ја сокрила секирата во другата соба.
Горан почнал Милена да ја дави, а таа после додека ја чекала брзата помош и кажала на сосетката, дека ја давел толку силно што мислела дека ќе умрела ако тоа потраело уште неколку секунди и станоиздавачот Радомир да не дошол на помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сега е заедно со својот Гаги на небеската сцена: Србија плаче по најголемата филмска легенда!
-
Утринава ни испрати кифлички, а сега не напушти: Со последниот гест, Милена ја покажа својата величина!
-
Замина тивко и нечујно, но гордо, како и што живееше: Вака Милена ги помина последните денови!
-
Милена и Гордан објавија „селфи“ од првата брачна ноќ