Некогашниот најдобар фудбалер во светот, дебелкото Роналдо сака да ја купи лиценцата за бразилското издание на познатиот магазин за возрасни.
„Плејбој“ е десетто по ред списание по читаност во Бразил и се продава во повеќе од 250 илјаден тираж.
Роналдо е сопственик на компанијата „Девет“ („9ine“) која ги има правата на објавување на фотографиите на сите бразислки спортски ѕвезди, меѓу кои и на Нејмар. Покрај тоа, тој поседува и синџир теретани, спортска клиника, зградата во која e сместен Универзитетот во Рио де Жанеиро, како и ноќен клуб.
Годишно од спонзорите, како „Најк“, „Фиат“ и „Дурасел“, прима повеќе од 10 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.