| четврток, 6 декември 2018 |

Невиден кронизам и партизација на министерството за одбрана – трет дел

Како што најавивме во минатото продолжение, продолживме да ги истражуваме случувањата во Министерството за одбрана кое го води Радмила Шеќеринска, и секојдневните скандали и бруталната партизација која се спроведува во тоа министерство.

Додека министерката држи помпезни прес-конференции, со построени полковници позади неа, за тоа дека планираат да набават чизми за војниците, се чини дека тоа е само еден обид за замајување на јавноста, и дефокусирање на јавноста од она што се случува во министерството. Па така, излегуваат на виделина се поголем број на неправилности при упатувањата на мисии во странство, школувања и курсирања, а со цел да се испратат партиски подобни лица на тие работни места, на сметка на вистинските професионалци кои брутално се отстрануваат од листата на најуспешни кандидати.

Кадрите на советникот на Шекеринска оро водат во Одбрана (2)

Веќе пишуваваме за намерата на Шеќеринска и Мирослав Стојановски да го пополнат работното место Заменик Воен Претставник при НАТО и ЕУ во военото претставништво на мисијата на РМ при НАТО во Брисел, со свој човек, независно од тоа дали ги исполнува условите. Па, така, како што најавивме, за тоа работно место е избран полковник Круме Велков, кој веќе подолг период исполнува услови за пензија.

Е сега, би немало ништо чудно во ова, доколку истиов овој полковник не беше раководител на работната група за изработка на Стратегискиот Одбранбен Преглед (СОП), во кој се утврдува дека во АРМ има вишок полковници, и дека оние кои исполнуваат услови, треба да се пензионираат. А токму тој, наместо во пензија, заминува за Брисел. Апсурд од највисок вид. Но, Шеќеринска и Мирослав, и се е можно.

Друг апсурд е што Заменикот Воен Претставник ќе треба да прима непосредни насоки од Шефот на Военото Претставништво, а таков во моментов, заради политичките калкулации на Шеќеринска, нема во Мисијата, односно генералското место е празно. Од кого ќе прима инструкции Велков, може да претпоставиме.

Нашите извори од министерството исто така тврдат дека, оние лица за кои Шеќеринска не можеше да најде некое удобно место надвор од државата, има обезбедено унапредувања, додека за жлојалноста и послушноста на најблиските имало и парични награди во износ од цела плата.

Продолжува…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top