Продолжуваат скандалите поврзани со доделувањето финансиски средства од Министерството за одбрана на граѓанските здруженија пишува порталот „Лидер“.
Според истражувањата на „Лидер“, Радмила Шекеринска доделила пари на невладина во која членува. Новите истражувања на порталот откриваат уште неправилности во делењето на државните пари. Имено, две здруженија во чии раководни структури се наоѓаат министри од владата на Зоран Заев, добиле финансиски средства од Министерството за одбрана.
Од сметката на министерството за одбрана ќе се префрлат 400 000 денари на здружението „Мултикултура“. Во ова здружение, како што може да се види на нејзината веб страна, заменик претседател на Управниот одбор е Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, од редовите на Либерално Демократската Партија, која е коалиционен партнер на СДСМ.
Следниот скандал поврзан со доделувањето на средства од Министерството за одбрана, е поврзан со невладината организација „КХАМ“, кадешто министерството доделило 150 000 денари. Ако се погледне биографијата на Аксел Ахмедовски, актуелниот министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, која е објавена на официјалната страна на Владата на РМ, ќе се забележи дека токму тој е основач, претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација „КХАМ“. Ахмедовски е потпретседател на партијата ПЦЕР, која е коалиционен партнер на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година
-
„АлфаТВ“ го објави дописот до амбасадорот Васко Наумовски: Тој воопшто не бил поканет!