Музиката која доаѓа од фонтаната „Победа“ на плоштадот „Македонија“ е намалена и завршува порано по барање на станарите од околните згради, јавува весникот „Вечер“.
Одлуката по барање на граѓаните ја донесе Општина Центар. Сега последното музичко шоу на фонтаната е во 22.30 часот.
Од неодамна, пак, освен од фонтаната „Победа“, музика се слуша и од фонтаните на Карпошово востание. Од Општина Центар информираа дека инсталирањето на техниката за пуштање музика од овие фонтани веќе е завршено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Есенско издание на Фестивалот „Скопје синема сити“
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)
-
Некогаш беше атракција, денес фонтаната на плоштадот во Скопје е целосно уништена