Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи низ земјава ќе се точат поскапи горива, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Новите цени на горивата се: еуросупер БС-95 – 81 денари за литар, што е зголемување за 2,5 денари за литар, еуросупер БС-98 – 83 денари, што е пораст за три денари, еуродизел – 70 денари за литар.
По оваа одлука, цената на екстра-лесното масло ќе се продава по цена од 59 денари за литар, додека мазутот е 41,883 денари за еден килограм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.