Еден градоначалник доби кривична пријава, а 19 добија прекршочни пријави оти незаконски внесувале нови податоци во барањата за легализација на бесправно изградени објекти, вели во интервју за „Фактор“, Ромео Деребан, директор на Државниот управен инспекторат.
Деребан појаснува дека кривичната пријава е поднесена бидејќи во барањата за легализација на граѓаните, со коректор се бришеле едни податоци, а потоа се внесувале нови податоци, додека, пак, прекршочните пријави се поднесени оти градоначалниците во чии општини биле утврдени недостатоци во постапката за легализација, прво не ги отстраниле тие недостаоци, а потоа одбиле да платат глоба од 15.000 илјади евра.
– Сега на потег се истражните органи, тие треба да утврдат како и во чија полза се менувани податоците. Ние само сме констатирале состојба, односно утврдиле дека во одреден документ има прешкртување на податоци, што укажува дека е направена злоупотреба. А, натаму сѐ е во рацете на истражните органи и затоа за таквите случаеви се поднесени кривични пријави – вели Деребан.
Инспекторатот, вели Деребан, направи две контроли на спроведување на Законот за легализација на дивоградби во февруари и во април, пред да им ги изрече овие мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.